САД поддржува укинување на патентите за интелектуална сопственост за вакцините против ковид-19

Вакцини на „Модерна“
Вакцини на „Модерна“ / Фото EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го поддржа откажувањето од заштитата на интелектуалната сопственост за патентите за вакцини против ковид-19.

Ова претставува напредок во меѓународните напори за суспендирање на правилата за патенти, со оглед на замавот што го зеде пандемијата во Индија и Јужна Америка.

СAД беа голем противник на предлогот на Светската трговска организација (СТО) за укинување на интелектуалната сопственост на вакцините, во обид да се зајакне производството на вакцини. Но Бајден беше под зголемен притисок да го поддржи предлогот, вклучително и голем број демократи во Конгресот.

Кетрин Таи, претставничката на САД во СТО го објави ставот на администрацијата: Ова е глобална здравствена криза и вонредните околности на пандемијата на коронавирусот бараат итни мерки. Таа додаде дека администрацијата силно верува во заштитата на интелектуалната сопственост, но со цел ставање крај на пандемијата поддржува одрекување од заштита на патенти за вакцини против ковид-19. Таи рече дека САД ќе учествуваат во преговорите за ова прашање во Светската трговска организација, додавајќи дека на разговорите ќе им треба време со оглед на природата на институцијата и сложеноста на прашањето.

Доколку се постигне консензус во рамките на Светската трговска организација, патентите за вакцини ќе бидат достапни за употреба од други производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот