САД ја прогласија „Руско империјално движење” (РИД) за терористичка организација

Според весникот, Министерството за финансии на САД ги блокирало сите сметки на РИД во земјата и забранило склучување на договори меѓу Американци и нејзини претставници.

САД ја прогласија „Руско империјално движење” (РИД) за терористичка организација, соопшти Њујорк тајмс повикувајќи се на висок претставник на Стејт департментот.

Амбасадорот Натан Сејлс, координатор за прашањата на борбата со тероризмот во Стејт департментот, изјави дека ова е прв случај САД да прогласат некоја организација за терористичка, бидејќи застапува идеи за надмоќ на белата раса над другите раси.

-Со ова покажуваме колку е сериозна администрацијата кон заканите што доаѓаат од овие групи. Ние го правиме она што досега не го направил никој од нашите претходници, изјави Сејлс.

Според весникот, Министерството за финансии на САД ги блокирало сите сметки на РИД во земјата и забранило склучување на договори меѓу Американци и нејзини претставници.

РИД, организаицја формирана во Русија, е поврзана со поддршка и тренинг на неонацистички групи за изведба на терористички напади во Русија и Скандинавија.

Екстремните националистички и десничарски групи се во подем во последните години, посебно по неколку такви напади во САД и по нападот во Крајстчерч, Нов Зеланд, кога маж застрела 51 лицe и сето тоа го емитуваше во живо на Фејсбук.

Напорите да се изнајде странска организација и да се прогласи за терористичка, па макар таа и да не преставува никаква опасност за САД, е политички чекор за да се прикаже дека администрацијата ја зема за сериозно опасноста од радикалните националистички и десничарски групи, наведува Њујорк тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот