СЀ ПОВЕЌЕ ДЕЦА СЕ ЗАВИСНИЦИ ОД ЦИГАРИ: Околу 10 отсто од учениците на возраст од 13 до 15 години во Црна Гора се пушачи
Во Црна Гора, 9,9 отсто од учениците се корисници на тутунски производи, покажа едно најново истражување на Институтот за јавно здравје во земјата.
Истражувањето вклучило 4.216 ученици на возраст од 13 до 15 години, кои се осмо и девето одделение во основно училиште и прва година во средно училиште, објави „Курир.рс“.
– Речиси една третина од учениците (27,8 отсто) во еден момент од животот пробале некаков производ од тутун. Вкупно 4,5 отсто од учениците во моментов се корисници на други тутунски производи, а 2,2 отсто го користат тутунот на друг начин.
Речиси секој седми ученик (14,9 отсто) навел дека во иднина би можел да стане корисник на некаков вид на производ од тутун, а 5,9 отсто од испитаниците претпоставуваат дека во иднина би можеле да бидат пушачи, стои во истражувањето.
Податоците покажуваат дека наголемиот број на ученици експериментирале со цигари (првпат пробале цигари) на возраст меѓу 12 и 13 години (29,4 отсто), а потоа меѓу 14 и 15 години (26,3 отсто).
Нешто повеќе од една четвртина од учениците-пушачи (26,3 отсто) за време на еден ден консумираат меѓу две и пет цигари, а слично (24,6 отсто) е учеството на оние кои пушат помалку од една цигара дневно.
Меѓу моменталните пушачи, дури 49,2 отсто од нив покажуваат некакви знаци на зависност од тутун, што значи дека правата работа која ја прават наутро по будењето е палење на цигара, нешто што значително почесто го прават момчињата од девојчињата.
Пет од 10 ученици се обиделе да прекинат со пушењето во последната година, а околу четири од 10 од нив сакаат да престанат да користат цигари.