Руски суд по жалбена постапка ја потврди деветгодишната затворска казна на Навални

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Руски апелационен суд денеска ја потврди деветгодишната затворска казна и строг затворски режим против главниот опозициски лидер Алексеј Навални, кому му се судеше за „измама” и „непочитување на судот”.

„Пресудата на судот Лефортово од 22 март е непроменета”, изјави судијата на градскиот суд во Москва и изјави дека „стапува во сила веднаш”.

На 22 март, московскиот суд го прогласи водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални за виновен за „финансиска измама од големи размери”. Во тоа време тој веќе издржуваше затворска казна.

„Навални извршил проневера, односно кражба на туѓ имот со измама и злоупотреба на довербата”, стои во пресудата на судијката Маргарита Котова.

Навални исто така беше осуден за непочитување на судот.Тој се појави преку видео врска од затворската колонија Покров, на 100 километри од Москва, каде ја издржува првата казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот