Руската кралица на модата со објавата за болеста ги запрепасти сите: Ми дадоа уште 7 месеци живот!

Фото: Инстаграм

Мирослава Дума е жената која Русија ја донесе на модната мапа на светот. Една од најмоќните и највлијателните жени во светот на модата сега ги шокираше сите со објавата дека е тешко болна.
Дума, една од првите руски блогерки на јавноста и откри сè за својата борба за живот.

Profimedia

Во објавата на Инстаграм 34-годишната Дума откри низ што поминувала последниве месеци, откако и дијагностицирале ретка болест на белите дробови и и дале само седум месеци живот.

„Беше поприлично застрашувачко кога ми го кажаа тоа, ама кога сега гледам на сето тоа, сфаќам дека последните месеци од моето опоравување веројатно беа најсреќните моменти од целиот мој живот. Одеднаш престанав да брзам и сфатив колку го сакам животот, колку е убав нашиот свет и колку сакам да останам тука, со луѓето кои ги сакам.

За првпат во животот го видов синото небо и преубавите зелени стебла, како досега да сум живеела на сосема друга планета. Се разбудив среќна само бидејќи можев да поминам уште еден ден тука. Цел живот барав одобрување од други и бев опседната од лајкови како во вистинскиот, така и во виртуелниот свет, без да сфатам дека всушност прво морам да научам да се сакам себеси.

View this post on Instagram

From lab ???‍? to grand bazaar ??

A post shared by Miroslava Duma (@miraduma) on

Годините на самокритичност, сомнежи, стрес, различни диети, физички, психички и емотивно туркајќи се до крајните граници, се доведов до тоа мојот имунитет да колабира и станав многу болна. Сега сфаќам дека моите последни месеци воедно беа и најкреативни во моите 34 години живот. Успехот денес не го мерам по надворешните фактори, туку по тоа што го носам во себе.

Го мерам по своето здравје, но и по здравјето на оние кои ги сакам. Последниве две години вселената ми приреди низа случувања кои понекогаш се чинеа надреални, како смешните грешки што ги направи мојот адвокат, што ме донесе до рана дијагноза и така ми даде шанса за живот. Гледав знаци насекаде, како некој да сакаше да ми порача „не се откажувај“. Денес продолжувам да го следам својот сон и верувам дека можам да помогнам да ја спасиме нашата планета, без оглед на сè. Се надевам дека еден ден ќе можам да ви го раскажам тоа.

Она најважното: Ви благодарам на сите важни луѓе во мојот живот, ве сакам со цело срце и со цели бели дробови“, напиша Дума.

Мирослава е мажена со рускиот претприемач Алексеј Микев со кого има три деца. Откако дипломирала меѓународен бизнис, со само 26 години ја стартуваше платформата Fashion Tech Lab и стана светски познато име. Таа е голем вљубеник во модата, а многумина ја сметаат за руска кралица на стилот. На нејзиниот профил може да се забележат фотографии со светски познати личности, како Бил Гејтс и Наоми Кембел, а исто така, Мирослава е гласен поборник за климатска правда.

View this post on Instagram

❤️ @naomi

A post shared by Miroslava Duma (@miraduma) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот