РУСИЈА ОБВИНУВА: Фејсбук и Гугл на денот на изборите објавувале политички реклами

Русија ги обвини технолошките гиганти Гугл и Фејсбук дека дозволиле објавување на политички реклами за време на регионалните избори одржани денеска, и покрај барањето овие реклами да не се објавуваат, соопшти државната служба на оваа држава за надзор на комуникации – Роскомнадзор.

„Ваквите активности може да се сметаат како мешање во руските прашања и спречување на спроведување демократски избори во Руската Федерација“, објави Роскомнадзор на својата веб-страница.

Роскомнадзор во петокот побара од Фејсбук и Гугл да забранат политички реклами во сабота и недела за да се овозможи изборите да бидат во согласност со руските закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот