Русија наредната недела ќе ја тестира својата вакцина на 40.000 луѓе

epa08600539 A handout photo made available by the Russian Direct Investment Fund (RDIF) shows containers with a new two-vector COVID-19 vaccine at Nikolai Gamaleya National Center of Epidemiology and Microbiology in Moscow, Russia, 06 August 2020 (issued 13 August 2020). Russia registered the new called Sputnik V vaccine against coronavirus Sars-Cov-2 and opens the stage of its massive testing. EPA-EFE/RDIF HANDOUT NO RESTRICTIONS, ALLOW TO USE IN SOCIAL NETWORK HANDOUT

Директорот на московскиот Гамалеја Институт, кој ја разви вакцината, рече дека 40.000 луѓе ќе бидат вклучени во масовно тестирање во повеќе од 45 медицински центри ширум Русија.

Масовното тестирање на првата руска потенцијална вакцина против ковид-19, која доби одобрение од руските власти, опфати повеќе од 40.000 луѓе и ќе биде надгледувано до странско здравствено тело, соопштија денска властите кои го развиваат проектот.

Се објавата на детали за третата фаза од клиничкото испитување, кое почнува идната недела, произведувачите на вакцини сакаат да ја спласнат загриженоста на некои научници поради малкуте податоци за таа вакција кои досега ги објави Русија.

Вакцината наречена Спутник 5, според првиот советски сателит кој го лансираше поранешниот Советски Сојуз. Руските власти и научници ја фалат како безбедна и ефикасна после двомесечно тестирање на луѓе од помал опфат, чии резултати се уште не се објавени. Но западните експерти се сомничави и предупредуваат да не се користи додека не се спроведе успешното тестирање одобрено од меѓународно ниво.

„Низа земји водат информативна војна против руската вакцина“

„Низа земји водат информативна војна против руската вакцина“, потврди Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции кој го поддржува развојот на вакцината. Податоците за вакцината ќе бидат објавени во научното списание овој месец, додаде тој во разговорот со новинарите.

Русија прими порачки за до милијарда дози вакцини од целиот свет, а има капацитет за производство до 500 милиони дози на година преку производствените партнерства, рече тој.

Директорот на московскиот Гамалеја Институт, кој ја разви вакцината, рече дека 40.000 луѓе ќе бидат вклучени во масовно тестирање во повеќе од 45 медицински центри ширум Русија.

Податоците ќе бидат испраени до СЗО, рече Дмитриев, па неколку земји кои разгледуваат учество во третата фаза од клиничкото тестирање, се и Обединети Арапски Емирати, Индија, Бразил, Саудиска Арабија и Филипни.

Според податоците од СЗО, уште најмалку четири потенцијални вакцини против коронавирус се во третата фаза од клиничките тестирања во светот.

Руската вакција е регистриран и пред спроведувањето на третата фаза од испитувањето, која инаку се смета за услов за регистрација.

Планираат да вакцинираат различни групи од октомври

Дмитриев рече дека раната регистрација ќе овозможи од октомври да се почне со рано вакцинирање на високоризични групи како што се здравстевните работници, паралелно со третата фаза од истражувањето.

Тестирањето ќе биде доброволно, нагласи тој, а здравствената состојба на учесниците редовно ќе се контролира.

Вакцината че се дава во две фази, користејќи два различни вектори од хуман аденовирус.

Дмитириев нагласи дека тој вектор веќе прилично често се користел во претходните вакцини и дека постојат повеќе докази дека е побезбедна отколку некои други потенцијални вакцини против коронавирус.

Руските научници рекоа дека раните тестирања покажале дека вакцината предизвикува значен имунулошки одговор, но не е познато колку долго трае заштитата.

„Секое лице може да реагира поинаку“, рече главниот експерт за заразни болести при руското министерство за здравство Владимир Шуланов во интервју за Газета.ру.

„Некои можат да развијат многу силен заштитен имунитет, а другите неа. Во таквите случаи заразата од коронавирус може да биде можно, но болеста, во теорија би требала да има поблаги симптоми. И процентот на таквите луѓе ќе биде многу мал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот