Русија и Кина преку ОН за повикаа за смирување на воените тензии на Корејскиот Полуостров

Фото: Википедиа

Русија и Кина подготвија нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН со која ги повикуваат сите страни да ги намалат воените тензии на Корејскиот Полуостров.

Документот ги повикува сите заинтересирани страни да размислат за спроведување понатамошни политички чекори за намалување на воените тензии на Корејскиот Полуостров и можноста за каков било воен конфликт.

– Ова би значело, меѓу другото, склучување договор меѓу воени претставници и усвојување на официјална декларација или мировен договор за (официјалниот) крај на војната во Кореја – се наведува во нацрт-резолуцијата.

Дипломатски извор од ОН за руската агенција Тасс изјави дека се уште не е утврден датумот на гласање. Тој додаде дека пред гласањето на документот, ќе се одржат консултации со сите земји-членки на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот