Русија бара тајно гласање во ГС на ОН за нацрт-резолуцијата против илегалната анексија на делови од Украина

Василиј Небензја, амбасадор на Русија во ОН. / Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Русија инсистира на тајно наместо јавно гласање во Генералното собрание на ОН, каде следната недела ќе се разгледува нацрт-резолуцијата против руската анексија на делови од Украина.

Во нацрт-резолуцијата подготвена од западните земји се осудуваат руските „незаконски така наречени референдуми” и „обидот за нелегална анексија” на четирите украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

Во писмото на постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија до земјите-членки на ОН, во кое имале увид западни новински агенции се наведува: „Ова е јасно политизиран и провокативен развој, чија цел е да се продлабочи поделбата во Генералното собрание и дополнително да се отуѓат нејзините членови”.

Според дипломатите најверојатно јавно ќе се гласа дали гласањето за нацрт-резолуцијата треба да биде тајно. Минатата недела Русија стави вето на слична нацрт-резолуција во 15-члениот Совет за безбедност на ОН.

ЕУ спроведува широки консултации со земјите-членки на ОН пред гласањето за нацрт-резолуцијата, што најверојатно ќе се одржи в среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот