РСЕ: Две илјади работници веќе аплицирале за работа преку „Отворен Балкан“

отворен балкан
Отворен Балкан / Фото: Слободен печат

За да се вработат, односно да добијат дозволи за работа и престој, граѓаните на Србија, Македонија и Албанија повеќе не мора да губат време одејќи во институциите, како што се Министерството за внатрешни работи (МВР) и Канцеларијата за вработување, туку целиот процес се одвива електронски. На крајот се добива потврда врз основа на која може да се бара работа. Целата процедура се очекува да трае 30 дена. Оваа мерка стана достапна на 5 март, а според податоците на македонската Влада интерес има од граѓаните на сите три држави.

„Досега се издадени вкупно 2.000 сертификати (идентификациски броеви) во сите земји“, изјавија од Владата за РСЕ. Освен вкупниот број на апликанти за сите три земји, Владата не одговори на прашањата на РСЕ за тоа колку граѓани на Македонија аплицирале за сертификат во Србија, а колку во Албанија и колку граѓани од овие земји побарале потврда за пристап до македонскиот пазар на труд. Со оглед на тоа што од почетокот на мерката поминаа повеќе од десет дена, а рокот за добивање на потврдата се уште тече за оние кои аплицирале, надлежните засега немаат информации за профилот на работниците од регионот кои сакаат да најдат работа. преку „Отворен Балкан“.

Првиот чекор во целата процедура за граѓаните на Македонија, кои би сакале да се вработат во Србија или Албанија, е да добијат матичен број на порталот за е-услуги. Истото важи и за граѓаните на Србија и Албанија.

Дел од бизнис секторот, пак, стравуваат дека тоа може да биде удар и за македонската економија. Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) вели дека економијата има корист бидејќи се укинати бирократските процедури и со флексибилност и мобилност работниците полесно ќе можат да мигрираат од земја до земја, а компаниите полесно би издавале работни дозволи за своите вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот