Рожер беше покомплетен тенисер од мене, но работите се променија

EPA-EFE/MAST IRHAM

Шпанскиот тенисер во разговор за францускиот весник открива детали од својата кариера, а зборува и за односот со Рожер Федерер.

– „Л’Екип“ се смета за сериозен дневен весник во Европа и нормално дека ми е мило што наградата доаѓа од Франција, за мене втората најважна земја по Шпанија. Ова е големо признание за мене, а воедно претставува и голема чест – рече Надал.

Шпанецот иако игра во исто време со уште двајца неверојатни тенисери, Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ, во своите витрини има дури 19 грен слем пехари.

– Рожер беше многу покомплетен тенисер од мене на сите терени. Денеска тој има 38 години, јас 33 и работите сме променија. Тешко е да се каже кој е подобар од нас двајца, верувам дека кога луѓето одлучуваат, нивниот избор зависи од кој момент од кариерата го споредуваат.

Пореално е да се каже дека помеѓу нас двајца нема многу голема разлика, а за тоа кој е најдобар. Мојот одговор е не знам. Треба да се разгледаат и други параметри иако е јасно дека грен слем титулите се најважни – истакна Надал кој смета дека идната година конечно некој од младите тенисери ќе освои грен слем трофеј.

– Не верувам дека големата тројка во тенисот ќе продолжи да ги освојува грен слем титулите. Некој од младите играчи уште наредната година ќе дојде до титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот