Росе го заменил Елмас на полувремето поради здравствени проблеми

Фото: RB Leipzig

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас во саботата за првпат беше стартер за Лајпциг во натпреварот против Дармштад (2:0), но изненанадувачки тренерот Марко Росе го остави во соблекувалната на полувремето.

Елмас не разочара со својот настап, а тоа сега го потврди и Росе кој објасни и зошто го заменил нашиот репрезентативец. Имено, Елмас имал здравствени проблеми, односно се пожалил на болки во стомакот и главата.

„Елмас одигра добро полуваме, можеше да се забележи дека беше мотивиран и полн со енергија и тоа е задоволувачки за мене. На паузата ми кажа дека не се чувствува најдобро, се пожали на болки во стомакот и главата, па немав друг избор. Бев изненаден и јас, но не сакав ништо да ризикувам“, изјави Росе.

На местото на Елмас во игра Баумгартнер кој беше и стрелец на вториот гол за германскиот тим. Фудбалерите на Лајпциг по натпреварот вчера имаа слободен ден, а веќе денеска се враќаат на тренинзите. Следна шанса за да ги покаже своите квалитети, Елмас ќе има во петок кога Лајпциг игра против Келн.

ВИДЕО | Eлмас за првпат беше стартер, Баерн постигна осум гола против Мајнц

е

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот