ВИДЕО | Eлмас за првпат беше стартер, Баерн постигна осум гола против Мајнц

Фото: RB Leipzig

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас денеска за првпат откако е во Лајпциг доби шанса од првата минута против Дармштад.

Лајпциг победи во натпреварот со 2:0, а македонскиот репрезентативец на теренот помина само едно полувреме. Иако, не разочара и Лајпциг со него имаше предност од 1:0, тренерот Марко Росе одлучи да го остави на клупата во вториот дел.

Додека беше на теренот Елмас активно учествуваше во играта и имаше шанси за гол. На местото на Елмас во игра влезе Баумгартнер кој ги постави конечните 2:0.

Баерн Минхен ја забележа најубедливата победа во Бундеслигата попладнево и го „торпедираше“ Мајнц со огромни 8:1. Одличен настап имаше Хари Кејн кој постигна хет-трик, а голови постигнаа уште Мусиала, Гнабри, Милер и Горецка кој двапати стрелаше. Голот за Мајнц беше дело на Надием Амири.

За Баерн овој триумф беше вкупн 18-ти во сезоната и барем на кратко се доближи до лидерот Леверкузен на седум бода. „Фармацевтите“ својот натпревар од ова коло го играат утре против Волфсбург.

На останатите два натпревари денеска Аугусбург со 1:0 го совлада Хајденхајм, а Борусија Менхегладбах и Келн ремизираа 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот