Роналдо се спаси, нема да одговара за силување

EPA-EFE/JAVIER LIZON

Фудбалерот на Јувентус и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо се спаси од кривичен прогон за силување на Кетрин Мајорга.

Мајорга откри дека уште пред 10 години се откажала од тужба бидејќи се договорила со адвокатите на Португалецот да и исплатат 375.000 долари како компензација. Но, по 10 години, на 8 јули годинава Мајорга повторно поднела за тужба за случајот кој се случил во 2009 година во хотел во Лас Вегас. Сепак истрагата е завршена поради недостаток на конкретни докази.

„Барањето за кривично гонење на Кристијано Роналдо е проследено во јавното обвинителство на 8 јули 2019 година. На основ, на досега собраните информации и докази, обвинувањата за сексуално злоставување против Кристијано Роналдо не можат да се докажат. Поради тоа, обвинието се отфрла“, стои во соопштението на јавното обвинителство на државата Невада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот