Роналдо има нов ѕвер во гаражата вреден 18.4  милиони евра (ВИДЕО)

EPA-EFE/JAVIER LIZON

Португалецот за својот 35. роденден се почести со најскапиот автомобил.

Кристијано Роналдо потроши дури 18.4 милиони евра на најскапиот автомобил, Buggati La Voiture.

Специјалниот модел на Бугати е изработен по повод од 110-годишнината од постоењето на фабриката. Автомобилот е вистински „ѕвер“ на четири тркала, максималната брзина изнесува 420 километри на час, а од 0 до 100 километри на час достигнува за 2.5 секунди и има 1.500 коњски сили. За изработката на најскапиот автомобил беа потребни дури две години.

The day Cristiano Ronaldo bought the most expensive car EVER

The day Cristiano Ronaldo bought the most expensive car EVER ?

Publiée par Oh My Goal sur Mardi 4 février 2020

Кристијано Роналдо е познат како голем љубител на автомобили и во неговата гаража има автомобили во вредност од најмалку 11 милиони евра. Во гаражата има Бугати вејрон, Бугари Хирон, Ферари, Ламбигини, Астон Мартин за кого се натпреварување на аукција со Дејвид Бекам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот