Роналдо и Џорџина тајно се венчале?!

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез тајно се венчале во Мароко, тврдат италијанските медиуми.
Според магазинот „Novella 2000“, еден од најдобрите фудбалери во историјата, конечно се ожени со долгогодишната девојка Џорџина Родригез и тоа на тајна венчавка во Мароко.

Магазинот дознава дека двојката се венчала уште во мај годинава и тоа во Мароко, а организатор на свеченоста бил познатиот кикбоксер Бадр Хари кој е голем пријател на фудбалерот на Јувентус.

Instagram/Christiano Ronaldo
принтскрин

„Сфатив дека тие веќе се венчани на 29 август кога Кристијано во родната Мадеира направи договор со адвокатите за да ја заштити Џорџина“, изјави близок пријател на Роналдо.

Засега двојката не се огласи по тврдењата на магазинот „Novella 2000“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот