Романскиот претседател смета дека е потребно поголемо присуство на војници на НАТО во Црното Море

Клаус Јоханис
Клаус Јоханис во Киев, Украина / 16 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е потребно поголемо присуство на НАТО трупите во Црното Море.

Солц при посетата на Букурешт изјави дека се надева оти Романија оваа година ќе влезе во шенгенскиот систем на Европската унија, бидејќи таа земја ги исполнила сите критериуми за такво нешто.

Говорејќи заедно со Јоханис, Шолц рече дека двете земји со заеднички напор сакаат да ја поддржат на соседна Молдавија по рускиот напад врз Украина.

Тој го поздрави отворањето на фабриката на германскиот воен производител „Рајнметал“ во Романија.

Бугарија и Романија се надвор од Шенген зоната, поради тоа што некои членки на ЕУ се против, бидејќи сметаат дека во тој случај би се случила илегална имиграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот