Рохани: Нападите во Саудиска Арабија беа легитимна одбрана и контранапад

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави синоќа дека неодамнешните напади со дронови врз саудиските нафтени постројки биле „легитимна одбрана и контранапад” на војната која коалицијата предводена од Ријад ја води во Јемен.
Иранската телевизија ја пренесе изјавата на Рохани од Анкара, каде тој се наоѓа на трилатералната средба со своите колеги од Русија и Турција.
– Во врска со нападот со дронови, коренот на проблемот е во инвазијата врз Јемен. Тие секојдневно го бомбардираат Јемен, наведе иранскиот претседател.
Одговорноста за саботниот напад со дронови ја презедоа јеменските шиитски бунтовници од племето Хути, иако во еден дел меѓународната заедница се фрла сомнеж дека дроновите биле испратени од Јемен.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници во Јемен интервенираат од пролетта 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот