Родителите на Србинот кој прифати да игра за Косово добија отказ од работа

Родителите на Илија Ивиќ, првиот Србин кој го прифати повикот да настапува за некоја од фудбалските селекции на Косово, добија отказ од работа, тврди Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Косово.

Според косовските медиуми, родителите на Ивиќ кој пред два дена објави дека е подготвен да настапува за фудбалската репрезентација на Косово, денеска добиле отказ од општината Грачаница, каде што работеле.

Денеска фудбалската федерација на Косово објави реакцијата на таткото на Илија, Душан Ивиќ, во која тој вели дека неговиот син ќе продолжи да настапува за екипата на Фљамуртари од Приштина и ќе игра за репрезентацијата на Косово доколку добие покана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот