Родители обрнете внимание: Ова се главни показатели дека детето е под голем стрес

Фото: EPA-EFE/MADS CLAUS RASMUSSEN ATTENTION

Не мора посебно да нагласуваме дека живееме во време на зголемен стрес. Светот каков што го знаеме доживеа драстична промена, а на тоа не се имуни ниту децата.

Исто како и ние возрасните, децата можат да бидат под стрес, пишува „Kids Minds Matter“, само што симптомите не се толку видливи. Или, сепак, се?

Иако децата немаат секогаш емоционална интелигенција или вокабулар за да се изразат, емоционалните знаци или бихејвиоралните знаци на однесување можат многу добро да покажат дека се неоѓаат во стресен период и дека им е потребна помош.

Експертите објаснуваат како стресот кај децата може да се манифестира преку промени во нивното типично однесување.

Секоја возраст има различни симптоми, но некои од највообичаените знаци се нерасположение или раздразливост, повлекување од активности во кои детето некогаш уживало, загриженост, жалење на градинка или училиште, плачење, покажување страв во ситуации од кои детето претходно не се плашело. Освен тоа, детето е повеќе врзано за родителите, па се појавуваат промени во апетитот и спиењето.

Стрес кај деца на возраст од три до седум години

Оваа група кога е под стрес може да покажува знаци на регресија. На пример, децата кои биле успешно научени како да извршуваат нужда во нокшир или во тоалет може наеднаш да се измократ во кревет.

Детето, исто така, може повторно да почне да го цица палецот.

Исто така, може да има проблеми со обрнувањето внимание на работите околу себе, да има напади на бес или да покажува вознемиреност од разделување, при одвојување. Исто така, повторно може да се појават борби околу јадењето и одењето на спиење.

Стрес кај деца од седум до 10 години

Оваа возрасна група е нешто посвесна за необичните времиња во кои моментално се наоѓаме. Тие можат да се плашат за сопственото здравје, а често се грижат и за своето семејство, бидејќи развиваат способност да ги набљудуваат туѓите перспективи.

Тоа најчесто се однесува на нивните баби и дедовци, но често и на нивните родители. На пример, тие можат да ги ослободат своите стравови во форма на гнев или голема раздразливост.

Други симптоми се загриженост, вознемиреност, а кај некои деца се забележуваат промени во однесувањето – дома се однесуваат на еден начин, а во училиште или со пријателите на сосема поинаков начин. Сето ова се знаци дека детето поминува низ стресен период и дека му е потребна помош.

Стрес кај тинејџери од 10 до 13 години

Оваа возрасна група е во онаа единствена фаза кога почнуваат да се појавуваат бунтовност и непослушност. Во овој период од животот, родителите најчесто забележуваат дека децата избегнуваат или бегаат од часови, пониски оценки или отпор кога треба да завршат домашна задача или да завршат некоја друга задача/работа што им е доделена.

Децата од оваа возрасна група исто така имаат помала веројатност да зборуваат за своите грижи и стравови, но експертите предупредуваат дека тоа не значи дека ги немаат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот