РКЕ: Неточни се тврдењата дека поспакувањето на струјата ќе влијае на зголемувањето на цената на останатите производи

Регулаторната комисија
Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси/ Фото: РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната енергија ќе ги зголеми цените на производите.

Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се однесува само за регулираниот пазар на електрична енергија. Најголем дел од индустриските и комерцијалните потрошувачи сами набавуваат електрична енергија на слободниот пазар по цени коишто не ги определува Регулаторната комисија за енергетика. Цената на електричната енергија на слободниот пазар во Северна Македонија во 2020 година е пониска за приближно 9% во однос на 2019 година, што значи дека и трошокот за електрична енергија на индустриските и комерцијалните потрошувачи во 2020 ќе биде помал во однос на 2019. Во наредниот период индустријата ќе има пониски трошоци за електрична енергија во споредба со 2019 година и тоа позитивно ќе влијае врз нејзиното работење во овие кризни времиња.„ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

График 1.Тарифи, цени и месечна сметка за електрична енергија за комерцијални и индустриски потрошувачи на слободен пазар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информира дека со одлуките од 31 јули 2020 година преку фактори на корекција на МЕПСО му го намали приходот за 2020 година за 13,25 милиони евра, додека на ЕВН ХОМЕ за 4,5 милиони евра, поради тоа што овие компании во 2019 година оствариле поголем приход од одобрениот.

Во однос на методологијата и трошоците кои се признаваат, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги има влијание на околу 40 % од вкупно прикажаните трошоци, додека на 60 % од трошоците нема влијание. Трошоци кои не се предмет на регулација се следните:

  1. Трошок за купување електрична енергија од ЕСМ. Регулаторната комисија за енергетика согласно Законот за енергетика од 2019 година повеќе не ја определува цената на ЕСМ, туку оваа компанија со своја цена настапува на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ. Во 2019 година цената по која ЕСМ обезбедуваше електрична енергија за домаќинствата изнесуваше2,1218 ден/kWh, додека во 2020 година изнесува 2,3496 ден/kWh, односно е повисока за 10,74%. Цената на ЕСМ во 2020 година е пониска од цената на ЕСМ за 2017 година за 7%.
  2. Трошок за купување на електрична енергија од повластени производители, кој е утврден и гарантиран со Законот за енергетика уште од 2009 година.
  3. Маржата на универзалниот снабдувач, во износ од 11,5%, определена на тендер распишан од Владата и утврден за период од 5 години, до јули 2024 година. Со маржата се покриваат сите оперативни трошоци, но и ненаплатените побарувања на универзалниот снабдувач. Процентот на наплата кај домаќинствата изнесува 90%.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената за дистрибуција на електрична енергија за домаќинствата е намалена за 0,38%.

Структура на трошоци при определување на цена на електрична енергија за крајни потрошувачи на регулиран пазар

ОПИС трошок (денари) трошок (евра) процентуално учество
трошок за купување електрична енергија од  ЕСМ 7.658.635.078 124.530.652 42,24%
трошок за набавка на електрична енергија од увоз 0 0 0,00%
трошок за купување на електрична енергија од повластени производители 1.302.900.000 21.185.366 7,19%
трошок за дебаланси 226.048.745 3.675.589 1,25%
трошок за пренос на електрична енергија 629.770.138 10.240.165 3,47%
трошок за организирање и управување со пазарот на електрична енергија 22.578.221 367.126 0,12%
трошок за дистрибуција 6.413.796.492 104.289.374 35,38%
Маржа 1.869.946.998 30.405.642 10,31%
Давачки кои не зависат од резултатот на работењето (т.н. пренесени трошоци) 6.680.007 108.618 0,04%
Вкупни трошоци 18.130.355.679 294.802.531 100,00%
Фактор на корекција -271.038.816 -4.407.135  
Вкупен приход 17.859.316.863 290.395.396  

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот