РКЕ бара транспарентност во сметките за струја, за граѓаните да знаат што плаќаат

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

Да се раздели домашно производство на електрична енергија, увозот, учеството на обновливи извори како и надоместокот за користење на електропреносниот и електродистирбутивниот систем во сметките за електрична енергија што ги добиваат домаќинствата побара Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од Универзалниот снабдувач на последниот координативен состанок со електроенергетските компании.

– Суштината на транспарентноста не треба да биде само декларативна и почнува од секој од нас, потрошувачите мора точно да знаат што плаќаат. Колку од електричната енергија што ја користат е од домашно производство, колку е од увоз, колку се плаќа за користењето на електропреносниот и електродистрибутивниот систем. Во исто време имаме силна определба да се зголеми производството од обновливи извори кое што секако влегува со крајната цена. Целта е потрошувачите да бидат запознаени за која од електроенергетските компании колкав надомест плаќаат и на тој начин да го валоризираат квалитетот на услуга што го добиваат. Морам да истакнам дека сите компании се сложни дека треба да се направи овој чекор, кој е и законска обврска, а едновремено е и европски принцип, изјави Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ.

Поволните временски прилики последните недели допринесоа за стабилизација на акумулациите се заклучи на состанокот. Претседателот на РКЕ Бислимоски ги задолжи електроенергетските компании да најдат трајно решение кое ќе обезбеди сигурна и континуирана испорака на електричната енергија во дебарскиот регион и инвестициите да се насочат фокусирано токму во овој дел од државата кој се покажа како ранлив кога има невреме.

Инаку координативните состаноци што се одржуваат еднаш во месецот, а со кои претседава Бислимоски се со цел да се скенира одблизу работата на сите чинители на електроенергетскиот систем, како и предизвиците со кои се соочуваат. На состанокот, покрај членовите на РКЕ учествуваа директорите на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН Хоме и советникот за енергетика на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот