РК Еурофарм Пелистер ќе одигра неколку контролни натпревари во Србија

фото: Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На прозивката на тренерот Ларс Валтер ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска.

Првата фаза ќе биде реализирана во Битола, а од 26 јануари екипата ќе замине на подготовки во Србија, каде ќе одигра неколку контролни натпревари.

Исто така и РК Еурофарм Пелистер 2 ќе ги започне подготовките за вториот дел на сезоната 2021/22 на деветти јануари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

На прозивката на тренерот Александар Јовиќ ќе бидат отсутни само ракометарите кои ќе земат учество на Светското првенство во Полска и Шведска. Комплетните подготовки екипата ќе ги помине во Битола, а предвидени се неколку контролни натпревари кои дополнително ќе бидат дефинирани и објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот