Ризото со телешко

СОСТОЈКИ:
– 500 г телешко месо
– 250 г ориз
– 350 мл вода
– 2 главици кромид
– 3 домати
– ½ чили пиперка зелена
– 1 лажичка ѓумбир
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка црвен пипер
– црн пипер
– 2 листа лавор

ПОДГОТОВКА:
Издинстајте го кромидот исечкан на коцки со ситно сечканите домати и чили пиперка. Додајте црвен пипер и промешајте. Телешко месо исечкајте го на тенки парчиња за да се зготват брзо, па додајте го во садот со доматите и кромидот и динстајте кратко. Потоа во ова додајте ги оризот, водата, ренданиот ѓумбир, сечканиот лук и промешајте. По вкус зачинете со сол, црн пипер и на крај додајте ги листовите лавор. Оставете да се вари на средна температура додека испари течноста и оризот биде омекнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот