Ристовски: Враќањето во Вардар не е поврзано со политиката

epa-efe
epa/Ali Haider

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, по осум години се врати во „црвено-црниот“ табор.

Ристовски откако го раскина договорот во Бенфика, имаше понуда да се врати во германската бундеслига, во Рајн-Некар Левен, но тој одлучи по трет пат да се врати во Вардар за кого последен пат настапуваше пред осум години. Првиот пат „црвено-црниот“ дрес, Ристовски го носеше од 2001-2003, а потоа и од 2020-2012 година по што во наредните наредните осум години бранеше за екипите на Гумерсбах, Кретеј, Рајн-Некар Левен, Барселона и Бенфика.

– Ме бараа неколку клубови, меѓу нив и Рајн-Некар Левен, но го избрав Вардар бидејќи сакам да сум овде, да помогнам овој тим да постои. Не дојдов поради пари, туку за да помогнам најмалку до крајот на сезонава. Ова е европски првак, група со квалитетни играчи, големи луѓе и големи борци и затоа сакам да помогнам во оваа тешка ситуација. Уште ќе има тешки и важни натпревари во ЛШ и во СЕХА, како и во домашното првенство – вели Ристовски кој открива дека имал разговори од поодамна но не дошло до договор.

–  Не знам што ќе биде со Вардар и во кој правец ќе се движи клубот, но во овој момент знам дека лошата ситуација е минимизирана. Знам дека се влезени некои средства во клубот, но точно не можам да знам што ќе биде. Во моментов Вардар е во сопственост на Самсоненко, но дали тој, дали Михајло, дали ако дојде некој друг, Вардар заслужува да опстојува понатаму и да функционира.

Репрезентативниот голман дека дека враќањето во Скопје и во Вардар е поради неговиот политички ангажман. Тој е советник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Враќањето нема врска со политиката, јас сум спортист, а не политичар. Единствената причина поради која влегов во политиката е да му помогнам на спортот. Јас сум по природа револуционер, патриот, си ја сакам својата држава, сакам да помогнам и само тоа. Ова не е политички говор – додава Ристовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот