Ристовска и ЦСКА Москва без финале во Лигата на шампионите

epa09235202 Heidi Loke of Vipers Kristiansand in action during the EHF women's handball Champions League semifinal match Vipers Kristiansand vs CSKA Moscow in Papp Laszlo Budapest Sports Arena in Budapest, Hungary, 29 May 2021. EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Денеска на Фајнал-фор турнирот во Будимпешта се одиграа полуфиналните натпревари во женската ракометна Лига на шампионите, триумфи забележаа екипите на Брест и Кристиансанд.

Францускиот претставник Брест направи изненадување совладувајќи го еден од фаворитите за титулата оваа сезона, унгарскиот Ѓер, со 27:25 по изведувањето на пеналите.

По регуларниот дел мечот заврши 20:20, по продолженија од по пет минути 23:23, а во пенал серијата Ѓер двапати не реализираше и на тој начин Брест за првпат во својата историја ќе игра за трофејот во елитното европско клупско натпреварување. Интересен е податокот кој вели дека Брест е првиот клуб во историјата на францускиот женски ракомет кој ќе игра во финалето на ЛШ.

А таму ќе се соочи со норвешката екипа на Кристиансанд која пак во втората полуфинална пресметка ја елиминираше ЦСКА Москва со 33:30. За рускиот тим настапи македонската ракометарка Сара Ристовска која еднаш се запиша во листата на стрелците.

ЦСКА в недела од 15:15 часот ќе игра за бронзата на Ф4 турнирот против Ѓер, а од 18.00 часот е завршната битка за титулата помеѓу Брест и Кристиансанд.

Норвешка чека трофеј во ЛШ од 2011 година кога на европскиот трон беше Ларвик, а Русија од 2008 година кога најдобар беше составот на Звезда Звенигород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот