Римска вечер на „Олимпико“, Лацио го урна Јувентус! (ВИДЕО)

фото:твитер

Се одигра уште еден интересен натпревар во 15. коло од најсилното италијанско фудбалско првенство, на стадионот „Олимпико“ во Рим екипата на Лацио триумфираше со 3:1 (1:1) против актуелниот бранител на титулата, Јувентус.

„Старата дама“ поведе во 25. минута од средбата со голот на Роналдо кој убаво беше пронајден од Бентанкур, а Португалецот на петерецеот само ја смести топката во мрежата на Стракоша.

Пред крајот на првото полувреме „небесно-сините“ израмнија преку Луиз Фелипе (45+1`) кој со глава после асистенцијата на Алберто донесе израмнување.

https://twitter.com/mertvasit1/status/1203430078283206656

Во 69. минута Јувентус остана со еден играч помалку на теренот поради црвениот картон Квадрадо кој грубо го фаулираше Лацари.

Тоа го искористија домаќините само пет минути подоцна, српскиот интернационалец Милинковиќ-Савиќ кој убаво ја прими топката додадена од Алберто и со левата нога ја затресе мрежата.

Во 79. минута Имобиле не реализираше пенал за домаќините, но затоа во самиот финиш (90+5`) Каиседо од контра напад ги потврди трите бода за голема радост кај неговите соиграчи и навивачи на трибините.

На табелата води Интер со 38 бодови, пред Јувентус кој остана второпласиран (36), а на третата позиција е Лацио (33).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот