РФМ: Поразите болат, со седум дебитанти тешко се носевме со Норвешка и Холандија

фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski

Најдобрата македонска машка сениорска ракометна репрезентација во вторник од 18.00 часот против Аргентина ќе ја има последната шанса за пласман во главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Нашата селекција предводена од Кирил Лазаров претрпеа два високи порази од Норвешка (27:39) и Холандија (24:34) во рамките од групата „Ф“ во Таурон арената во Краков.

Доста критики добија ракометарите поради досегашните перформанси на Мундијалот, а и самите играчи се свесни дека секогаш може подобро на натпреварите. Како што изјави еден од нашите најдобри играчи Филип Кузмановски, во селекцијата нема стари и млади, туку само добри и лоши.

По двата порази од Норвежаните и Холанѓаните, пред јавноста се огласи и Ракометната федерација на Македонија која воедно ги замолува медиумите да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата. ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст. Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро. Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!! – стои во објавата на РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот