Кузмановски: Едно се договараме, друго играме…

Фото: РФМ

Maкедонската репрезентација вечерва забележа нов убедлив пораз откако Холандија беше подобра со 24:34.

Секако дека овој пораз донесе големо разочарување кај нашите ракометари, а тоа не го криеше и Филип Кузмановски.

„Спремни пристигнавме на овој шампионат. Трениравме напроно и посветено на подготовките. Навистина не знам што се случи вечерва, исто како и против Норвешка игравме само 20-тина минути и потоа ништо не покажавме. Под емоции сум, не знам што да кажам. Едно се договораме, друго играме…

Во селекцијата нема стари и млади, туку само добри и лоши. Момците што ќе влезат од клупата мора да ни помогнат, не може товарот да биде врз одредени ракометари. Сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа да не бодрат и тука“, изјави Кузмановски.

Македонија и покрај двата порази има шанси за пласман во следната фаза, но за такво нешто мораме да славиме против Аргентина во вторник (18:00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот