Ременски со порака до Бучковски: Нека не тргнува за Софија ако не го прочитал мојот докторат!

Поранешната потпретседателката на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ташевска Ременски, преку Фејсбук на специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски му порача да не оди во Бугарија пред да го прочита нејзиниот докторат.

– Ако специјалниот претставник на државата во преговорите со Бугарија, проф. Бучковски не го прочитал мојот докторат објавен во монографија „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби” со добиена Државна награда за наука во интерес на државата „Гоце Делчев” за 2008 година, нека не тргнува за Софија на преговори, пишува Ременски.

Според нејзината биографија, објавена на страницата на УКЛО – Битола, Факултетот за безбедност – Скопје Фросина Ташевска Ременски докторира на 30.01.2007 година на Филозофски факултет во Скопје под менторство на проф. д-р Марија Ташева и членовите на Комисијата за оцена и одбрана на докторската дисертација: проф. д-р Владимир Ортаковски, проф. д-р Јован Корубин, проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, проф. д-р Виолета Ачковска и доц. д-р Константин Миновски со одбрана на дисертација на тема: „Македонското национално малцинство во соседните земји: современи состојби“, и се здобива со научен степен Доктор на социолошки науки.

ВИДЕО | Муслиу: Бучковски не е човек паднат од небо, тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот