ВИДЕО | Муслиу: Бучковски не е човек паднат од небо, тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во Утрински брифинг се осврна на низа актуелни прашања од политичката сфера.

-Начинот на кој што сме блокирани е апсурден и мислам дека некои бугарски политичари се однесуват типично балкански и во предизборието користат наратив кој не помага во зближувањето помеѓу двете држави. Не е спорно дека има прашања кои долго време се спорни, но да се стави во предизборие како дел од кампањата доведе до оваа ситуација. Мислам дека и таму полека се освестуваат дека ова не е начинот некои прашања да се решат. Оние што велат дека се внимателни оптимисти се во право. Нема ова прашање да се реши веднаш. Нашата страна прави се да покаже дека има волја да се решаваат прашањата но реално временски не може да се реши за краток период. Верувам дека бугарската страна ќе се освести и отрезни и ќе видат дека блокадите само ги зголемуваат јазовите и ги подигнуваат тензиите. Мислам дека од нашата страна прилично умно, умерено и трезвено се однесуваат и не дозволуваат да влезат во наративот кој го гледаме од другата страна, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

За поставувањето на Бучковски како специјален претставник на Владата, Муслиу вели дека македонската страна не може да биде оштетена и Бучковски треба да го олесни процесот со убедување на дел од бугарската јавност во искрените намери на Македонија и реализација на Договорот од 2017.

-Бучковски не е човек паднат од небо. Тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија и неговиот интелектуален капацитет се прифаќа таму прилично добро. Кај нас секогаш ќе има тензии помеѓу власта и опозицијата, но треба да се биде поодговорен и наративот кој го користиме да биде повнимателен. Ако ние како држ ава го праќаме Бучковски како специјален претставник, мислам дека секој неумерен наратив кој се користи кај нас го нарушува неговиот капацитет да го потпомогне процесот, вели Муслиу.

Целиот разговор со Алберт Муслиу погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот