Ременски не се чувствува виновна

Фото: Слободен печат

Не се чувствувам виновна по однос на обвинението. Јас очекувам ОЈО да го докажето тоа што ми го става на терет. Многу медиуми ја прејудицираа работата и сега не е во ред јас да се правдам. Јас не сум ја злоупотребила функцијата – рече Фросина Ременски.

Таа рече дека според законот само за мерка притвор на пратеник може да му се одземе имунитетот.

– На сите во сите постапки според законот и уставот секој е невин – рече Ременски.

Таа рече дека не му се лути на лидерот на партијата по однос на неговата вчерашна изјава поврзана за неа.

– Јас неговата изјава не ја протолкував во негативна конотација – рече Ременски.

По распитот рече дека ќе соработува со ОЈО за расчистување на случајот и дека нема намера да поднесе оставка од функциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот