Рекорден број на хоспитализирани лица со ковид-19 во Украина за 24 часа

Фото: EPA-EFE/MARKIIAN LYSEIKO

Во Украина, во последните 24 часа, се хоспитализирани рекорден број на пациенти со коронавирус, а и бројот на смртни случаи е голем. Само во текот на претходниот ден се хоспитализирани 3.468 лица, најмногу од почетокот на пандемијата пред една година, напиша на Фејсбук изјави министерот за здравство Максим Степанов.

Во последните 24 часа биле регистрирани 7.235 нови случаи, а 185 лица починале.

Од почетокот на пандемијата во Украина се заразиле повеќе од 1,3 милиони луѓе, а повеќе од 26.000 починале.

Степанов синоќа за украинската телевизија 24 изјави дека испораките на кинеската вакцина „Синовак“ најверојатно ќе бидат одложени.

Украина почна со вакцинирање, откако го прими првиот контингент на вакцини од „АстраЗенека“, а први се вакцинирани здравствените работници и армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот