Рекорд за Денот на самците во Кина: „Алибаба“ регистрира промет од 56 милијарди долари

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Кинеската компанија „Алибаба” постави нов рекорд во продажба на стоки преку Интернет и тоа во вредност од 56 милијарди американски долари за време на Денот на самци, но тој подвиг беше засенет од падот на акциите на компанијата за осум проценти што е предизвикан од предложените кинески антимонополски регулативи.

Денот на самци е традиционален 24-часовен трговски настан во Кина кога продавачите нудат десетици милиони производи со огромни попусти на платформите за е-трговија управувани од „Алибаба“, JD.com и други. Кинескиот празничен шопинг има поголем промет од „Црн Петок“ (Black Friday) и „Сајбер Понеделник“ (Cyber Monday) во САД заедно, пренесува „Си-Ен-Би-Си“.

Оваа година онлајн трговците JD.com и Алибаба го продолжија празничниот шопинг што почна на 1 ноември и ќе трае до 12 ноември на полноќ.

„Алибаба“ соопшти дека бруто вредноста на стоките (ГМВ), бројка што ја покажува вкупната вредност на нарачките преку платформите за онлајн купување, надминала 372,3 милијарди јуани (56,42 милијарди долари). Таа сума ја вклучува вкупната вредност на нарачките од почетокот на настанот на 1 ноември.

Оваа сума е значително поголема од 268,4 милијарди јуани ГМВ, што „Алибаба“ ги регистрира минатата година за време на 24-часовното тргување на Денот на самците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот