Реконструирана улицата „Трифун Бузев” во Карпош 4

Целосно е реконструирана улицата „Трифун Бузев” во населбата Карпош 4, во близина на Основното училиште „Петар Поп Арсов”.

– Се обнови коловозот во должина од 85 метри, а санацијата ја направија службите на ЈП „Улици и патишта” преку Договорот за меѓуопштинска соработка, склучен со локалната самоуправа, соопшти Општина Карпош.

Во претстојниот период ќе следи реконструкција на улицата „Хелсинки” во Тафталиџе 1 и санација на ул. „Новопроектирана” во Криви Дол.

Во изминатиот период се реконструираа улиците: „Карпошово востание”, „Варшавска”, „Даскал Камчев”, „Њуделхиска”, дел од „Гиго Михајловски”, а Град Скопје обезбеди санации и за „Љубљанска”, „Московска” и поголем дел од булеварот „Партизански одреди”.

Општина Карпош информира дека продолжува со рамномерно и планско подобрување на инфраструктурата во сите урбани заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот