РЕК „Битола“ со концептот на дуално образование придонесува кон зголемување на вработливоста на младите

Фото: Слободен печат

РЕК „Битола“ најголемиот електро енергетски комбинат во државата, кој обезбедува најголем процент од домашното производство на струја, ширум ги отвора вратите за сите средношколци да започнат да изведуваат стручна настава во Комбинатот.

Со концептот на дуално образование, Комбинатот има за цел да придонесе кон зголемување на вработливоста на младите.

-Нашиот колега Гоце Тодоровски, специјалист по електро енергетика во РЕК „Битола“ е и првиот сертифициран ментор во Комбинатот за пракса на ученици опфатени со дуално образование. Слободно можам да истакнам дека Комбинатот моментно се соочува со недостиг од квалификувана работна сила, и оттука ние работиме на тоа, веќе од средно училиште нашите ученици од Битола и од соседните општини да можат да се запишат на стручно образование и потоа да најдат вработување во РЕК „Битола“-вели генералниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски.

Комбинатот е пример како со заеднички активности се прави се, да им се помогне на учениците, своето вработување да го најдат во најголемиот електро енергетски комбинат во Македонија.

Според директорот Матевски, дефицит на кадар има секаде каде што е стручна насока, стручно образование, техничките училишта, техничките науки, она што порано беше во средните технички училишта во втор и трет степен и оттука има дефицит од бравари, заварувачи, дреари и тука според зборовите на директорот, Комбинатот се соочува со сериозен проблем.

-Токму затоа сите овие наши активности имаат за цел да ги мотивираме учениците да се запишуваат во стручните училишта, и по завршувањето на образованието ќе имаат обезбедено работно место во РЕК „Битола“-вели првиот човек на Комбинатот, Пеце Матевски.

Првиот сертифициран ментор во Комбинатот за пракса на ученици опфатени со дуално образование Гоце Тодоровски вели дека дуалното образование е учење преку работа, зголемен број часови на пракса.

-Праксата и теоријата кога ќе се спојат резултатот е голем. Се надевам дека Комбинатот ќе има бенефит од ваквите активности. Јас и порано работев со ученици, но сертификатот ми дава поголема одговорност да им ги пренесам знаењата и стекнатите вештини-вели Гоце Тодоровски, специјалист по електро енергетика во РЕК „Битола“.

Инаку, РЕК „Битола“ со едно битолско училиште има потпишано Меморандум за соработка за дуално образование, но, во најскоро време соработка ќе воспостават и со други училишта што ја имаат потребната насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот