Рецесијата во Грција за 2020 година помала од очекуваното

Грчкиот Парламент во Атина / Фото: EPA-EFE/CHRISTINA ZACHOPOULOU

Бруто домашниот производ во 2020 година во Грција според обемот изнесува 168,5 милијарди евра наспроти 183,6 милијарди евра во 2019 година, бележејќи пад од 8,2 отсто, соопштуваат од грчката статистичка служба, објавувајќи ја првата процена за БДП за минатата година, а грчкиот премиер изрази задоволство од податоците, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите податоци, во четвртиот квартал од 2020 година има зголемување на БДП за 2,7 проценти споредбено со третиот квартал, но и пад од 7,9 отсто во споредба со истиот период во 2019 година.

Рецесијата во земјата е подобра од очекуваното, со оглед на тоа дека грчкиот буџет предвидуваше 10,5 отсто.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку неговиот официјален Твитер профил, ги коментираше статистичките податоци и напиша дека Грција е на добар пат кон успехот и ќе успее.

– И покрај зависноста од туризмот, податоците за БДП објавени денеска покажуваат дека грчката економија беше поотпорна отколку што многумина очекуваа во 2020 година. Заедно со нашето справување со ковид кризата, ги разбиваме стереотипите. Грција е во добра позиција за успех и ќе успее, напиша Мицотакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот