Рецепт за ореовка: Одличен лек за тироидната жлезда и забрзување на метаболизмот!

Фото: domacinskakuca.rs

Нашите баби и дедовци обожавале ликер од зелени ореви. Добро знаеле дека тој е поделотворен од многу лекови.

Оревите лекуваат разни заболувања, а многу помагаат и за проблеми со штитната жлезда, грлото, респираторните патишта, како и за бронхитис, но и за зајакнување на имунитетот.

Народната медицина препорачува ореовка за лекување анемија, но и како прва помош за стомачни проблеми и за забрзување на дигестијата.

Сега е вистинско време за берење млади, зелени ореви и за правење ликер од ореви, односно ореовка.

Состојки:

40 млади ореви

1 кг мед

1 л ракија

Ставете ракавици и исечкајте млади ореви, па ставете ги во поголема стаклена тегла. Врз нив додајте 1 кг мед и 1 л ракија. Затворете со соодветен капак, па оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена.

Повремено промешувајте ја смесата со пластична лажица.

Примена: Секое утро на празен желудник испијте по една мала чашка за ракија од овој ликер.

Ореовката е исклучително богата со јод, па затоа е добар лек за болести на тироидната жлезда. Пред послужување, протресете ја малку ореовката за да се подигне лековитиот талог.

Како аперитив, служете ја ореовката со мраз и резанки лимон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот