Рецепт за посни стапчиња со сусам и пиво: Идеални со салати и со предјадења за празниците

Фото: Adrienn87 / Pxhere

Посната трпеза изискува повеќе работа од мрсната, па домаќинките на различни начини се трудат да им претстават што повеќе вкусни деликатеси на гостите.

Доколку и вие сакате да уживате во совршени, крцкави стапчиња што се приспособени на постот, веднаш запишете го рецептот, бидејќи штом ќе ги пробате, секогаш ќе бидат на списокот на вашите омилени грицки.

За нивната подготовка нема да ви требаат многу време и пари, а резултатот е одличен.

Состојки:

– 550 грама брашно

– 200 мл пиво

– 250 мл масло

– 1 ќесичка прашок за печиво

– 1 лажичка сол

– 100 грама сусам

– оригано, пиперка во прав по желба

Подготовка:

Во сад просејте го брашното, па додајте ги прашокот за печиво, солта и сусамот. Измешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги мокрите состојки, пивото и маслото, па сè добро измешајте. Потоа, замесете тесто да биде средно тврдо, па развлечете го на работната површина.

Обидете се да не го направите премногу тенко, но не и премногу дебело. Исечете го тестото на стапчиња и посипете го со зачини по желба. Можете исто така да измешате, на некои да ставите оригано и лук во прав, на други алева пиперка, ким итн.

Кога ќе завршите, ставете ги на хартијата за печење со која сте го обложиле плехот и печете ги во рерна на 200 степени, 15 до 20 минути. Готови се кога ќе добијат убава златна боја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот