Рецепт за печени компири полнети со павлака и сирење

Фото: Vegan Rocks

Иако компирот многу се  користи во сите кујни во светот, а особено во македонската, секогаш постои начин на негова подготовка кој сѐ уште не сте го пробале. Овој зеленчук е добредојден гостин и на секојдневните, но и на свечените трпези, и во солени и во слатки јадења. Јадење што можете да го подготвите дури и кога имате прослава е полнети компири.

Многу е заситен, брзо и лесно се подготвува, а ретко кој ќе му одолее. Полнетите компири се најдобри кога сѐ уште топли, иако се многу вкусни и како ладно предјадење.

Состојки:

– 120 милилитри хопла
– 120 грама кашкавал
– 4 лажици кисела павлака
– 200 грама пармезан
– 200 г путер
– маслиново масло
– сол и бибер
– 4 компири поголеми

Приготвување:

Добро измијте ги компирите под силен млаз вода. Потоа со остар нож направете засеци во компирите со околу 1/2 см дебелина, внимавајќи да не ги пресечете до крај. Исечете го путерот на тенки парчиња. Сечењето ќе ви биде полесно ако предходно го оставите путерот во фрижидер за замрзнување неколку минути за да се излади и да се стврдне. Пармезанот исечете го на тенки парчиња. Потоа внимателно редете ги наизменично парчињата пармезан и путер во засеците од компирите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот