Рецепт за најкремастите тестенини со спанаќ

Фото: PxHere

Направете ги овие кремасти тестенини и уживајте во нив како Италијанец. Сосот е толку сочен, а спанаќот му дава посебен шмек на целото јадење.

Состојки:

– 350-400 грама тестенини
– 2 лажици маслиново масло
– 2 лажици брашно
– 1 лажичка сув босилек
– лута мелена пиперка
– 1 шолја павлака за готвење
– 1 шолја млеко
– 1/4 шолја рендано кашкавал
– 2 шолји спанаќ
– сол, бибер

Подготовка:

Тестенините сварете ги според упатството на ќесичката. Во посебна тава пропржете го брашното, па додајте ги зачините, млекото, павлаката за готвење и постојано мешајте. Во зовриената смеса додајте сечкан спанаќ, варете неколку минути и тргнете го од оган.
Потоа, процедете ја пастата и додајте ја во тенџерето со сосот. Додајте го ренданото сирење и измешајте сè заедно. Добар апетит!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот