Рецепт за мус од малини и бело чоколадо, лесен и брз летен десерт

Фото: Peakpx

Кремастиот мус, десерт што не бара печење, е идеален за летните денови. Комбинацијата од бело чоколадо и малини ќе биде единствен вкус за сите што обожаваат слатки. Неверојатно вкусен и освежувачки.

Состојки:

– две шолји малини, свежи или замрзнати
– половина шолја шеќер
– една лажичка пченкарен скроб
– една лажица вода
– ќесичка пудинг со вкус на бело чоколадо
– 500 мл млеко
– шолја слатка павлака

Подготовка:

Одмрзнете ги малините, ставете ги во мало тенџере, посипете ги со шеќер и варете ги на умерен оган, мешајќи десет минути, додека смесата не зоврие.

Скробот измешајте го со вода, додајте го во тенџерето со малините, па мешајте уште 10 минути, за да се згусне смесата. Тргнете од оган и изладете.

Слатката павлака изматете ја во шлагот. Пудингот сварете го со млекото според упатството на пакувањето, изладете го и измешајте со шлаг.

Смесата од малини и смесата од пудинг наизменично сипете ги во соодветни чаши или чинии, изладете ги во фрижидер и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот