Рецепт за лиснат леб со лук, повкусно печиво не сте пробале!

Фото: ALein / Alamy / Alamy / Profimedia

Лиснатиот леб со лук е навистина посебен по многу нешта. Аромата, вкусот, необичниот спој на состојките кои даваат уникатно задоволство за непцето. А згора на тоа, лиснатиот леб со лук привлекува и со својот изглед.

Состојки:
За тестото:

– 375 грама брашно
– 1 сув квасец
– 1 лажичка шеќер
– 30 грaма путер
– 1 јајце
– 1 лажичка сол
– 120 мл млеко
– 60 мл вода

За премачкувањето:

– цела главица лук
– 150 грама путер
– 2 лажици маслиново масло
– сол, бибер

Подготовка:

Лукот ставете го во фолија, па печете половина час на 180 степени. Во топло млеко и вода растворете една лажичка шеќер, додадете го квасецот и оставете да нарасне.

Измешајте ги сувите состојки, додадете го стасаниот квасец, растопениот путер и јајцето, замесете тесто.
Оставете половина час го да одмори. Во омекнатиот путер додадете го лукот што сте го исцедиле од мембраната, па сè убаво измешајте. Расукајте го тестото, па намачкајте го со путер и исечете го на ленти.

Ставете ги лентите една врз друга, па исечете ги на парчиња и наредете ги во калапот за леб, една до друга.

Печете на 200 степени околу половина час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот