Рецепт за домашнo темнo чоколадo од три состојки

Фото: Monserrat Soldú/Pexels

Чоколадото може да биде квалитетна намирница во зависност од состојките од кои е направено.

При изборот на чоколадо, основно е да забележиме колку какао има во него. Исто така, добро е да се провери дали какаото е органско, каков шеќер содржи и во колкав процент. Ако чоколадото содржи повеќе какао, со самото тоа е и поквалитетно и поздраво.

Денеска ви донесуваме здрав рецепт за домашно чоколадо, кое ќе ја задоволи вашата желба за слатко, а притоа нема да се грижите дали ќе добиете килограм плус.

Состојки:

– 100 грама какао во прав
– 3 до 4 лажички кокосово масло, омекнато
– 3 лажички мед

Подготовка:

Во мал сад измешајте ги сите три состојки заедно и добро мешајте за убаво да се соединат. Адаптирајте ја слаткоста на вашиот вкус.

Сипете ја чоколадната смеса во плех за печење обложен со хартија за печење и измазнете ја со шпатула.

Ставете ја чоколадата во замрзнувач 20 минути, а потоа извадете ја и исечете ја со нож на парчиња.

Важно е кокосовото масло целосно да не се растопило бидејќи кокосовото масло и какаото во прав ќе се раздвојат. За мазна текстура, најдобро е да користите цврсто или омекнато кокосово масло.

Овој рецепт е неверојатно прилагодлив, затоа слободно бидете креативни! Додадете повеќе или помалку мед (или друг засладувач), парчиња кокос, исечени бадеми, ф’стаци, суво овошје… комбинациите се бесконечни.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот