Рецепт за домашен зачинет путер, се подготвува за 5 минути!

Фото: Freerangestock

Со четири состојки и во само два едноставни чекори, можете да направите совршено пенлив путер со пармезан кој ќе стане сласен дел од вашето секојдневие. Ќе додаде изобилство од вкус на сè на што ќе го намачкате, а за појадок задолжително пробајте го со препечен леб, печен компир, во пире…

За подготовка на овој намаз потребни ви се само пет минути и малку добра волја, а по еден час стоење во фрижидер, можете да го намачкате. Како и секој путер, пред употреба, оставете го малку на собна температура за да се опушти.

Состојки:

– 250 грама путер, исечкан, на собна температура
– 2 згмечени чешниња лук
– 1/2 лажичка мелена слатка пиперка
– 40 грама пармезан, ситно сечкан
– компир

Подготовка:

Во блендер ставете ги путерот, чешнето лук, пиперката и пармезанот и матете додека сè добро не се соедини.

Со лажица префрлете во во стаклен сад за сервирање, кој има и свој капак.

Ставете во фрижидер еден час да се излади.

Послужете со тост леб и посипете со уште пармезан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот