Реал и ПСЖ го договориле трансферот на Нејмар

infobae.com

Нејмар кој е главна тема во летниот преоден рок, на крајот ќе го истера своето, ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Шпанија. Но, тоа нема да биде Барселона, туку Реал Мадрид, објави новинарот на каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, Францеск Агиљар.

Според новинарот, ПСЖ и „кралскиот“ клуб постигнале договор за трансферот и се чека само зелено светло од фудбалерот.

Засега не е позната понудата која ги задоволила барањата на челниците на францускиот тим, но последната понуда на Реал Мадрид беше 120 милиони евра и Лука Модриќ, а ПСЖ бараше во пакетот да биде и младиот Винисиус.

Иако медиумите веќе објавија дека договорот е постигнат, во Барселона сè уште се надеваат дека ќе успеат да го вратат Нејмар на „Камп Ноу“. Тие се подготвени да ја исполнат желбата на директорот на ПСЖ, Леонардо и во понудата да ги вметнат двајцата фудбалери кои ги бара, Нелсон Семедо и Тодибо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот