4 C
Скопје

Расте бројот на заразени со коронавирусот во Свети Николе

Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, на денешната седница на Општинскиот кризен штаб, градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски ги повика надлежните инспекторати и институции да излезат на терен во фабриките и да видат дали се почитуваат протоколите при превоз на работниците во светиниколските и штипски фабрики. Во Свети Николе вкупно 50 лица се заболени од коронавирусот, а 75 лица се наоѓаат во самоизолација по основ на контакт со заболени лица.

-Ситуацијата е посебно алармантна во конфекцијата „Мода АД”- Свети Николе каде бројот на заболение од коронавирусот се зголемува. Од страна на менаџментот не информираа дека во текот на вчерашниот ден во приватна клиника се тестирани вкупно 209 вработени, чии резултати ги очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден, вели Велковски.

Прочитајте и...  Властите глуви на барањата на Македонците од Албанија за формирање две нови општини - Голо Брдо и Гора

Забележува дека и официјално се обратиле и до Кризниот штаб на РСМ, Министерството за здравство , Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Велес, како надележни институции, со цел превземање на сите мерки за спречување на натамошно ширење на вирусот во нашата општина.

-Очекуваме од страна на надлежните институции и менаџментот на фабриката под итно да ги превземат сите неопходни мерки, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно од се.Од страна на Кризниот штаб, повторно се активирани волонтерите за достава на неопходни прехрамбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација, вели Велковски.

Апелира до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата во носење на заштитни маски и држење на дистанца

Прочитајте и...  СЗО конечно влезе во Вухан: Дали ќе ја дознаеме вистината за потеклото на коронавирусот?

Поврзани вести

ВИДЕО | Андоновиќ: Бајден подготвен на повеќе компромиси од својот претходник Трамп

Слободен печат

Хелсиншки комитет: Новиот закон да донесе и реално подобрување во животот на жените

Слободен печат

Смртоносен „предизвик“: Инфлуенсерка во Италија обвинета за поттикнување самоубиство

Слободен печат

ВИДЕО | Функционирање на музичките здруженија пред, за време и после пандемијата, разговор со Симоновски од „Музика сега“

Слободен печат

Започнува доградба на објектот во ОУ „Лазо Ангеловски” во Скопје

Слободен печат

ВИДЕО | Димитрова од Хелсиншки: „Јавна соба“ е кривично дело кое мора час поскоро да се реши

Слободен печат

Остави Коментар