Расте бројот на заболени од ковид-19 во Хрватска

Медицински лица во ковид-болница во Хрватска/илустрација / Фото: ЕПА/ЕФЕ

Во Хрватска има зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, но засега не се планира враќање на епидемиолошките мерки.

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 1.197 нови случаи на инфекција, а едно лице починало. Тоа е речиси двојно повеќе новозаразени од минатата недела.

Активни се 4.647 случаи, од кои 243 болни во болница, од кои петмина се на респиратор. Во вторникот беа тестирани околу 3.500 граѓани. И покрај зголемувањето на бројот на нови случаи, Хрватска засега не планира да ги врати мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот