Рашфорд го има третиот најбрз гол како замена во историјата на светските првенства

Фудбалерите од Премиер лигата најзастапени на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Во првиот натпревар од групата „Б“ на Светското фудбалско првенство Англија убедливо со 6:2 (3:0) го совлада Иран.

Двоен стрелец за Англичаните беше Сака, а по еден гол имаа Белингем, Стерлинг, Рашфорд и Грилиш.

Рашфорд, фудбалерот на Манчестер јунајтед, влезе во игра во 70 минута како замена за Сака и после само 49 секунди игра успеа да ја затресе мрежата на Иранците.

Тоа е инаку третиот најбрз гол на некоја замена во историјата на светските првенства.

Следниот меч на Мундијалот избраниците на селекторот Герет Саутгејт ќе го имаат на 25 ноември против САД.

ВИДЕО: Новото правило му дозволи на Иран да има шест замени против Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот