Рама за „Кориере дела сера“: Жал ми е за ЕУ, не сум разочаран 

Еди Рама, премиер на Албанија/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека е време да се стави крај на едногласноста во одлучувањето во ЕУ и повтори дека Албанија и Република Северна Македонија „се заложници на Бугарија”.

Ова го изјави премиерот на Албанија во телефонско интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера”. Рама рече дека му е „жал” за Европската унија и дека не е разочаран.

„Тоа беше лош ден за Унијата”, рече тој, „бидејќи се покажа невозможно да се ослободат Албанија и Северна Македонија, заложници на само една земја од ЕУ, Бугарија, која, како и ние, е членка на НАТО”, рече тој. Според него, останатите 26 земји-членки во исто време изгледале беспомошни, со „војна на нивниот праг”.

Запрашан зошто ги држат како заложници, албанскиот премиер објасни дека тоа е „само поради внатрешно-политички прашања, ништо друго”.

На прашањето дали принципот на едногласност во одлучувањето во Заедницата треба да се укине, Рама рече дека „сто проценти” мисли така.

Свесен сум дека ова е деликатно прашање за земјите-членки, кои имаат своја историја и значење, рече албанскиот премиер, но додаде дека е дојдено време да се отстрани условот за консензус.

Запрашан да одговори дали на Балканот му се заканува влијание на Русија и Кина во овој ќорсокак, Рама рече дека „нема сомнеж дека регионот е слаба точка на континентот во однос на навлегувањето на други елементи”.

„Срамота е што една земја на НАТО, Бугарија, држи во заложништво две други земји на НАТО, имено Албанија и Северна Македонија, среде жестока војна во дворот на Европа, додека 26 други земји од ЕУ молчат, изјави Рама на новинарите при пристигнувањето во Брисел на состанокот на лидерите од Западен Балкан и претставници на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот